еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

„Европскиот фронт“ на ДУИ со декларација од меѓународната заедница бара да влезе во новата влада

Партиите кои се дел од коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ, денеска во Тетово потпишаа „Политичка декларација за етничкиот легитимитет што произлегува од изборите“, „адресирана„ и до меѓународната заедница, со која бараат да бидат дел од новата влада.

„Го повторуваме нашиот евроатлантски курс како единствена алтернатива за заедничката иднина на Северна Македонија и нашата посветеност за целосно спроведување на нормите и духот на Охридскиот договор, Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство и затворање на сите отворени прашања со соседите, како предуслов за продолжување на европскиот пат.

Повторуваме дека владините коалициски партнери мора да бидат определени од политичката волја на двете најголеми заедници во земјата, Албанците и Македонците, како и легитимните претставници на другите заедници, изразени на слободни, фер и демократски избори, во формата на обичајното право имплементирана во нашата земја кое овозможува легитимност, функционална демократија, социјална кохезија, консензуалност и правична застапеност во носењето одлуки“, се вели меѓудругото во декларацијата.

Според истата „непочитувањето на легитимитетот овозможува воспоставување на етничка хегемонија и претставува понижување кон Албанците, Турците, Ромите, Бошњаците и другите“.

„Ова моноетничко мнозинство, кое го нарушува легитимитетот на другите етнички заедници, го оптоварува соживотот, демократијата и тоа не треба да го дозволиме сите заедно“, се вели во истата.

Освен ДУИ дел „Европски фронт“ се и Движење на народот, Демократска партија на Албанците, Европска демократска партија, Демократска партија на Турците, Политичка партија Унија на Ромите – УРА и Бошњачки Демократски Сојуз.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Гаши смета дека не е прекршен Охридскиот договор, “Мајскиот“ не е дел од Уставот

Почнува битката за почитување на духот на Охридскиот договор, најави Ахмети

Фото: Блерим Беџетеи/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет професии со највисоки плати

Редакција

Американската амбасадорка: Од Софија и други слушнавме многу агресивен јазик за ситуацијата во Македонија, кој не е заснован на факти

Редакција

Министерството за здравство не е најодговорно за смртта на Благојче, вели министерот Сали

Редакција