еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Еколошка бомба на планината Серта: Oпожарени 8.500 хектари, целосно изгоре животинскиот и растителниот свет

Пожарот што ја зафати планината Серта, изгоре 8.500 хектари и тоа од страната кон Неготино опожарени се над 5.500 хектари, а од штипската страна 3.000 хектари.

„Пред се се работи за шума која е со слаб квалитет, слаба дабова шума, меѓутоа она што е најважно да се каже е дека, тоа за регионот и пошироко ќе значи еколошка бомба. Тоа е она што мора да го имаме предвид ние и сите општествени чинители во Македонија,“ изјави Кире Михаилов, заменик генерален директор на Македонски шуми.

Вработените на ова јавно претпријатие вршат скенирање на теренот, по што ќе следува чистење и на крај пошумување.

„Овој пожар и неговата големина и константност ја уништи буквално целата микро флора. Микро организмите се уништени таму. Флората, фауната се комплет е отидено, животинскиот свет. Тоа е еден синџир кој се скина по сите шевови. Таа е реалноста.

Ние треба сега да направиме една поопсежна анализа за да даде насоки каде да се движиме во периодот кој што претстои,“ додаде Михаилов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

По 13 дена борба, пожарот на планината Серта е целосно изгаснат

Фото: ЦУК

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Енерџи актив“ го доби тендерот на Министерство за правда за набавка на струја вреден 45.000 евра

Редакција

(Галерија) Винарија Камник одбележа 20 години постоење – две децении посветеност на уметноста на производство на вино

Редакција

„Кај треба да потпишеме дека Гоце Делчев е Французин“: Твитер за датумот, Макрон и ЕУ

Редакција