Со голема тага и болка ја примивме веста за трагедијата во Кочани, каде што животот го загубија 59 млади луѓе, а повеќе од 155 се повредени, велат од компанијата Еко Логистик Сервис.
„Во овие тешки моменти, тимот на Еко Логистик Сервис упатува искрено сочувство до семејствата на настраданите, нивните пријатели и најблиски.
Во знак на поддршка и солидарност, ЕЛС ќе врши бесплатна достава на донации и помош до болниците каде што се згрижени повредените, како и до семејствата и роднините кои се сместени во Скопје.
Доколку сакате да испратите облека, хигиенски средства, медицинска опрема или друга неопходна помош, можете да дојдете во најблискиот хаб на ЕЛС и нашиот тим ќе се погрижи пратките да стигнат веднаш до оние на кои им се најпотребни.
Ова се болни моменти кога сите треба да бидеме и да помагаме заедно,“ се вели во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Црвен Крст отвори број за донации за семејствата на настраданите во пожарот
Семејствата и блиските на повредените можат бесплатно да се сместат во скопските хотели
МНТ ги отвора вратите за семејствата на повредените кои се лекуваат во Скопје