Бриселскиот и Охридскиот договор за односите со Косово стануваат дел од преговарачката рамка на Србија со Европската Унија (ЕУ).
Радио Слободна Европа објави дека амбасадорите на членките на ЕУ едногласно усвоиле дополнувањата и измените во поглавјето 35 во пристапните преговори.
Со овие измени преговорите на земјата ќе зависат и од „континуираниот ангажман на Србија во видливо и одржливо подобрување на односите со Косово, како и другите барања содржани во точка 23 од преговарачката рамка“.
Земјата треба и целосно да ги спроведе своите обврски кои произлегуваат од Договорот за нормализација на патот меѓу Косово и Србија, според нејзиниот анекс за имплементација, договорен на 18. март 2023 година.
Ако може да смени преговарачката рамка за Србија, зошто тогаш македонските власти и преставниците на ЕУ и на земјите членки постојано повторуваат дека истата за Македонија неможе да се измени, со образложение дека рамката не се менувала.
Фото: Унсплеш