еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Замина Анка Гиева, легендата на македонскиот изворен мелос

На 86 години вчера почина Анка Гиева, легендата на македонскиот изворен мелос.

Нејзиното семејството соопшти дека починала на вчера, а ќе биде погребана денеска на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Ќе ја паметиме по бројните изведби на антологиски македонски народни песни.

Гиева е родена во Скопје, а својата кариера ја започнала во Македонскиот народен театар (МНТ), а потоа работела и во Државниот ансамбл за народни песни и игри „Танец“.

Во стуидот на Радио Скопје ги сними антологиските народни песни, меѓу кои и „Ајде слушај, слушај калеш бре Анѓо“, „Пилето ми пее рано на сабајле“, „Елено, ќерко, Елено“, „Крај Вардара седеше“, „Да сум бистра вода”, „Отвори ми бело Ленче” и други.

Пред две години беше одликувана со Медал за заслуги од претседателот Стево Пендаровски.

Одликувањето е за големиот придонес во негувањето, популаризацијата и во зачувувањето на македонската народна и изворна песна, како и за промоција и за афирмација на македонското музичко творештво и на културата во интернационални рамки.

Фото: МРТ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови 489 случаи на Ковид-19 од 2.841 тестирања

Редакција

Вакцинацијата на децата се одвива во сите поликлиники од 12 до 18 часот

Редакција

УНЕСКО повторно со препорака да се преиспита изградбата на хотелот во Лагадин

Редакција