еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

„Замисли нов свет“, театарски проект инициран од Телеком во соработка со МНТ

Македонски Телеком ги заокружува активностите од иницијативата #НаправиМесто со уникатен театарски проект насловен „Замисли нов свет“, создаден како колаж од делата на Горан Стефановски, во соработка со Македонскиот народен театар (МНТ), информираат од таму.

Направи место

Со иницијативата #НаправиМесто, Телеком ја отвори темата за предизвиците со кои се соочуваме како општество и повика на нивно надминување и на вистинско поврзување меѓу луѓето, посочуваат од таму.

Во текот на годината беа реализирани низа проекти на оваа тема, се приклучија голем број значајни личности, се адресираа многу проблеми, се отворија чувствителни теми и се работеше на прифаќањето на разликите меѓу луѓето.

Иницијативата се поврзува со пораките од делата на еден од нашите најголемите драмски автори – Горан Стефановски, коишто се врежани во нашата меморија и се подеднакво силни и вистинити и денес.

Замисли нов свет

Театарскиот проект „Замисли нов свет“ ги оживува зборовите на Стефановски за вечните вредности како што се човечноста, разбирањето и поврзаноста, квалитети што често се губат во денешното секојдневие.

Претставата е направена во  соработка со Македонскиот народен театар, во режија на Нела Витошевиќ, со драматуршка адаптација на Ана Ристоска-Трпеноска и во продукција на Владимир Анастасов и Ангела Несторовска од Сектор филм.

Обединува врвна актерска екипа од различни генерации: Игор Ангелов, Верица Недевска, Дамјан Цветановски, Филип Трајковиќ, Нина Деан, Ана Јовановска, Стефан Спасов и Антонио Ташковски.

Музиката е дело на композиторот Огнен Анастасовски, сценографијата на Константин Трпеноски, а костимите на Роза Трајчевска-Ристоска.

Претпремиерата и премиерата на „Замисли нов свет” се закажани за 16 и 17. декември, а претставата понатаму ќе биде дел од репертоарот на МНТ како вредна инвестиција којашто го пренесува творештвото на Стефановски и неговите пораки до идните поколенија.

Оваа претстава не само што ги заокружува активностите на иницијативата #Направи место, туку е и поддршка на трајните вредности и на уметниците коишто оставиле безвремен белег во нашата култура, посочуваат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанија демантира дека била против датум за почеток на преговори со Македонија

Редакција

Пронајдено четврто тело на уште еден припадник на групата која изврши напад во северно Косово

Редакција

Не е реално да се очекува повторно отворање на Преговарачката рамка, сите партии да си ги преземат своите обврски, вели Борел

Редакција