еМагазин
Image default
МОЈ СТАВ ТОП СТОРИИ

Зарем е можно во ДУИ да не знаеле за криминалот на Груби, од кој сега се оградува партијата

Бегалецот Артан Груби, поранешен прв вицепремиер и министер за политички систем и односи помеѓу заедниците се уште не се вратил во Македонија за да се соочи за случајот со кримналот во Државна лотарија, вреден осум милиони евра, но и поради обвинувањето за поткуп од страна на САД, поради што беше ставен на „црната листа“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Меџити потврди: Бегалецот Груби е во Албанија

Во меѓувреме излезе дека тој не е во Косово, туку избегал во Албанија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бегалецот Груби е во близина на Драч во Албанија?

Неговите колеги од опозициската ДУИ, кои беа резервирани кога беше ставен на „црната листа“, а лидерот на партијата, Али Ахмети, не се ни огради од него, сега велаат дека тој не бил дел од нивната партија, а некои дури го повикуваат и да се врати во Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ахмети не се оградува од Груби

Нормално е да се постави прашањето како можеле да незнаат неговите соопартиции за случајот со Лотарија, но и тој за поткуп. Груби не беше некој треторазреден функционер во партијата, туку неговото име се вртеше како иден наследник на Ахмети.

Исто така за случајот со Лотарија медиумите пишуваа неколку месеци пред надлежните институции за отворат предмет, а детали исто така пред неколку месеци со јавноста споделуваше и тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Адвокатот на бегалецот Груби вели дека тој не направил кривично дело

Каков имот пријавил Артан Груби, кој е ставен на „црната листа„ на САД

Бегалецот Груби користел полициско обезбедување

Фото: Груби/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пајазити има многу пресуди кои што се дискутабилни, оставам на Судскиот совет да одлучи за неговата кариера, изјави Мицкоски

Редакција

Кој е Томе Христоски, старо-новиот градоначалник на Крушево

Редакција

Која е бугарската фондација „Македонија“ која најави отварање на нови онлајн медиуми во Македонија

Редакција