еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

„Бехтел и Енка“ не ги градат автопатите според планираното, вредноста не може да се потврди, открива Државна ревизија

Американско-турскиот конзорциум „Бехтел и Енка“ не ги гради автопатите на коридорите 8 и 10д според планираната динамика, а проценетата вредност на инвестицијата не може да се потврди, бидејќи се реализира без основен проект и според посебен закон со кој не се предвидува тендерска постапка, стои во извештајот на Државниот завод за ревизија (ДЗР) “Реализација на капиталните инвестиции финансирани преку Буџетот на Република Северна Македонија, ЕУ фондови и средства од други меѓународни финансиски институции во надлежност на централната власт и локалната самоуправа“.

Според ДЗР, заклучно со декември 2023 година само 0,12% од трошоците за овие автопати се однесуваат за градба, што покажува отстапување од планираната динамика за градба и посочуваат дека Македонија нема систем за управување со јавните инвестиции, а проектите кои се реализираат преку Јавното претпријатие за државни патишта не се ставени во трошоците од буџетот.

За ДЗР, проблематична е и изградбата на автопат Кичево – Охрид, кој се гради 10 години, а чија вредност од планираните 411 милиони евра порасна на најмалку 589 милиони евра.

Во извештајот ревизорите ја анализираат и втората делница од автопат од Скопје до граница со Косово, која не започнала да се гради. Од проценетата вредност од 112 милиони евра за изградба на 10,5 километри автопат, сега се планираат најмалку 198 милиони евра.

Според ревизорите главен проблем за лошата состојба со капиталните инвестиции во земјава е тоа што државава нема изграден систем за управување со јавни инвестиции, но и не презема навреме мерки, што пак придонесува за бавна динамика на реализација на стратешките инфраструктурни проекти, зголемени трошоци за реализација на проектите и високи фискални ризици за јавните финансии, како и ризик за економијата и животот на граѓаните.

Со ревизијата е констатирано и дека прикажаните капитални расходи во Буџетот не се целосни и не даваат јасен и објективен приказ за износот на јавните инвестиции.

„Од 24 ревидирани проекти со вредност од 3,950 милијарди евра, за 19 проекти склучени се договори за градба со вредност од 2,744 милијарди евра, а за 5 проекти иако подготовките се започнати пред повеќе години сè уште нема склучено договори за градба.

За 19 проекти во вкупна вредност од 2,744 милијарди евра, реализирани се 941,8 милиони евра, а од нив само еден проект од ревидираните е завршен.

Од 19 проекти за кои се склучени договори, за 6 има застој. За 4 проекти раскинати се договорите, од кои за 3 има меѓународна арбитража и побарување за штета во вкупен износ од 45,5 милиони евра, и за 2 проекта постои неизвесност поради изминат рок на градба, а не се склучени нови анекси кон постојните договори за градба“, се наведува во извештајот.

Целиот извештај ОВДЕ.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерство за култура раскинало договори вредни 1,147 милион евра

Редакција

Кој е царот Борис Трети, по кој е именувам вториот бугарски клуб, кој ќе се отвори во Охрид

Редакција

Убава вест: Оздравеа петмина нови пациенти од корона вирусот, вкупно до сега 1.710

Редакција