еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

За половина денар намалена цената на бензините

Од вечерва на полноќ цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за половина денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).

Цените на Еуродизел (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) не се менуваат.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,125 ден/кг и сега ќе изнесува 45,170 ден/кг.

Според новата одлука Еуросупер БЦ-95 ќе се продава за 77 денари за литар, Еуросупер БС – 98 за 79 денари за литар, Еуродизел БС (Д-Е V) за 69,50 денари за литар, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) за 69 денари за литар.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Нудам 5.000 евра на било кој од СЈО да ги поапси сите “: Твитер за приведувањето на Катица Јанева за „Рекет“

Редакција

Изгоре регионалната телевизија „ВИС“ во Струмица, тројца пожарникари повредени

Редакција

Oбвинителите на СЈО се враќаат во матичните обвинителства

Редакција