еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

За три години, граѓаните рециклирале 10.000.000 шишиња и лименки

10 милиони шишиња и лименки се собрани во повратните вендинг машини на Пакомак од нивното поставување во 2021 година. Оваа информација ја споделија од Пакомак, првата и водечка компанија за управување, селекција и рециклирање на отпадната амбалажа во Македонија.

„Ова е голем успех на сите наши сограѓани! Среќни сме што за 3 години ја постигнавме оваа бројка. Собраните шишиња и лименки во вендинг машините се чист отпад кој потоа може да се рециклира и повторно да се искористи за добивање на пластично шише за пијалок.

Важно е дека граѓаните ја препознаваат потребата за паметно управување со отпадот и дека одвојуваат од своето време за рециклирање. Во оваа прилика, изразуваме голема благодарност до Швајцарската амбасада за долгогодишната и континуирана поддршка за нашите заложби,“ изјавија од Пакомак.

Пластичните шишиња и лименки кои се одложуваат во повратните вендинг машини можат повторно да се рециклираат во амбалажа. Имено, ПЕТ пластичното шише може да се рециклира и тој материјал да се искористи за производство на исто такво шише, а со тоа се заштедува околу 60% од емисиите на СО2.

Тоа се најновите ЕУ стандарди на циркуларната економија и барања кои што треба и ние да ги практикуваме, односно од пластично ПЕТ шише повторно да добиеме ПЕТ шише за иста намена со цел што е можно помалку да користиме материјали од природата за производство на амбалажата.

За сите оние кои За сите оние кои сѐ уште не започнале да селектираат пластични шишиња и лименки од пијалоци во повратните вендинг машини тоа можат веднаш да го направат со превземање на Пакомак Екомак апликацијата на следниот линк. bit.ly.

Исто така, на следниот линк bit.ly граѓаните можат да се информираат каде можат да ја најдат најблиската повратна вендинг машина на Пакомак.

Од компанијата велат дека и понатаму продолжуваат со ширење на мрежата и поставување на нови повратни вендинг машини низ земјата, како и континуирано да превземаат едукативни акции и кампањи со цел подигнување на јавната свест и едукација за здрави зелени навики и паметно управување со отпадот.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Coca-Cola HBC ја објави својата заложба „Net Zero by 2040“

Редакција

Општина Центар ги пушти во употреба првите повратни вендинг машини за рециклирање

Редакција

(ВИДЕО) „Нема воздух, нема мир“: Младите им одржаа лекција на старите на масовниот еколошки марш во Скопје

Редакција