еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Зекиров, поранешниот телохранител на Мијалков доби оштета од на 50 илјади евра поради отказ во МВР

Призма објави дека поранешниот телохранител на Сашо Мијалков, поранешниот прв човек на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Ален Зекиров, добил оштета од над 50 илјади евра, оти бил незаконски отпуштен од Министерството за внатрешни работи (МВР) во 2018 година.

Причината за отказот на Зекиров било тоа што сторил потешка дисциплинска повреда со учество во упадот во македонското Собрание на 27. април 2017 година.

Зекиров во 2020 година поднел тужба против решението на МВР, Граѓанскиот суд пресудил дека е во право, а апелациските судии лани во февруари ја потврдиле пресудата.

Судиите пресудиле дека не само што Зекиров незаконски добил отказ, туку дека има право да се врати на работа, а државата требало да му исплати 99 илјади денари за трошоци за водење на постапката.

На 15. октомври на Зекиров му биле исплатени нешто над 51 илјада евра како надомест на штета поради неисплатени плати и придонеси за време на престанокот на работниот однос, објави Призма.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Бугарскиот министер Каракачанов: Ние не брзаме, тие 28 години спореа со Грција

Редакција

(Фото) Снежно Маврово

Редакција

Москва во целост ја финансирала платеничката група „Вагнер“, која ќе предизвикаше граѓанска војна во Русија

Редакција