еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

ЗНМ и СЕММ апелираат за внимателно и етичко известување за трагедијата во Кочани

Со оглед на сериозноста и сензитивноста на случајот, апелираме до сите новинари и медиуми доследно да ги почитуваат етичките принципи од Кодексот на новинарите и другите професионални стандарди, притоа внимавајќи на почитување на личната болка на семејствата на загинатите и повредените лица, велат од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Советот за етика во медиумите на Македонија (СЕММ).

„Информирањето треба да биде засновано на потврдени информации од официјални извори, а сензационалистичките шпекулации и непроверени вести мора да се избегнат.

Во таа насока, ги повикуваме медиумите да се придржуваат кон следните принципи:

Да се избегнува сензационализам – драматични наслови, фотографии и видео-материјали што можат да предизвикаат дополнителна вознемиреност во јавноста.

Да се објавуваат само проверени информации – пренесени од релевантни извори, добро и двојно проверени, без шпекулации и непотврдени наводи.

При интервјуирање и снимање сведоци или блиски на жртвите – да се покаже емпатија, почит кон нивните чувства и да се внимава при начинот на поставувањето прашања и водење на разговорите

Известувањето да биде одмерено и непристрасно – со цел да не се создава дополнителна загриженост во јавноста преку пренагласување или сензационално толкување на случувањата.

Новинарите треба да се водат од принципите на одговорно и хумано новинарство, имајќи предвид дека нивните извештаи директно влијаат на јавното мислење и психолошката состојба на граѓаните,“ се вели во соопштението.

Од таму ги охрабруваат граѓаните кои ќе забележат прекршувања на Кодексот да ги пријават преку официјалните формулари достапни на веб-страниците на ЗНМ и СЕММ. Со тоа ќе се овозможи детектирање и евидентирање на медиумите што не ги почитуваат професионалните стандарди.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Музичарот Филип Стевановски, член на бендот на ДНК и директорот на Центарот за култура Штип, помеѓу загинатите во пожарот во дискотеката

Тапанарот на ДНК Горги Горгиев, помеѓу загинатите во пожарот

Бројката на загинати во пожарот во дискотеката се искачи на 59, на повредени 155

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Минатата недела се намалил бројот на лица кои по вторпат заболеле со Ковид-19

Редакција

2,4 милиони патници патувале преку скопскиот и охридскиот аеродром во 2022 година

Редакција

Апелација одлучи: Мијалков излегува од Шутка, оди во домашен притвор

Редакција