еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Зошто викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Партениј не служеше на опелото на неговиот владика Тимотеј на Плаошник?

Митрополитот Тимотеј беше погребен на Плаошник на 28. ноември, а на Светата Литургија во свештениот храм на Св.Климент Охридски чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан во сослужение со надлежните епархиски архијереи на МПЦ – ОА, како и со претставници од православните цркви на Бугарија и Србија.

Она што не може да остане незабележано е што, на заупокоената архиерејска Литургија, како и со чинот на опелото не служеше викарниот епископ на Дебарско-кичевската епархија, Преосвештениот г. Партениј.  Служеше викарниот епископ на Патријархот на СПЦ, а не служеше викарниот епископ на митрополитот Тимотеј.

„Епископот Партениј веројатно ќе остане запишан во историјата на православната црква како единствениот викарен епископ, на кого му беше забрането да служи на опелото на сопствениот владика. Му беше забрането со молитва и служба да се опрости за последен пат од човекот од кого го доби монашкиот потсртиг, од човекот кој му беше Татко во неговата духовна мисија.

И не само на Партениј, во Света Софија и на живата Црква и беше забрането да го испрати својот Духовник на последниот пат, бидејќи токму монаштвото на Дебарско-кичевската епархија е живоста и на Епархијата и на Црквата. Храмовите, црквите и манастирите без монасите и монахињите се празно ехо на Божјиот глас.

Но, вчера во Света Софија им беше забрането на сите монаси и архимандрити од Бигорската Обител да учествуваат во литургијата и опелото на нивниот владика. И да Вие вчера во Охрид не го погребавте само Тимотеј, Вие ја погребавте Црквата,“ пишува религија.мк.

Три месеци пред упокојувањето на митрополит Тимотеј, монасите од Бигорски и сестрите монахињи од Рајчица и Пречиста, заедно со Епископот Антаниски г. Партениј го посетија во неговата Света Митрополија во Охрид.

„Целта на нашата посета беше да му се заблагодариме на нашиот монахољубив архипастир што точно пред 29 години го повика и на 5 август 1995 година го замонаши нашиот Старец, благословувајќи го неговиот иден подвиг за обнова на Бигорски и на монашкиот живот општо. Всушност, со неговиот благослов започна сè,“ напишаа тогаш од Бигорски.

„Вашите молитви и благослови, во продолжение од три десетлетија, од Старецот духовно се изнедрија многубројни монаси, монахињи, свештеници и посветени Христијани. Впрочем, сите ние до еден сме ја примиле монашката схима од Вашите родителски раце и сите наши браќа свештенослужители биле посветени во свештените чинови од дарот на апостолството што пребива во Вас,“ истакна архимандрит Макариј во таа прилика.

На заупокоената архиерејска Литургија г. г. Стефан ги истакна големите заслуги на митрополит Тимотеј за обнова на древните светињи и градење нови храмови, како и неговото архипастирско водство, под чиј благослов беа возобновени манастирите како Бигорскиот, Пречиста, Рајчица, Свети Наум.

Имајќи ги предвид сите неоспорни факти (световни, црковни, духовни), останува нејасна забраната за служење на Бигорската Обител да учествуваат во литургијата и опелото на нивниот владика.

Легитимно е и прашањето околу неизвесноста во изборот на нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија.

„Се навестува дека Синодот на МПЦ-ОА и тоа во полн состав и тоа токму поради суетите на еден човек од старт размислува дека Викарниот епископ не може да биде избран за Митрополит. Точно е дека на викарниот по дифолт не му следува местото, но логично е, христијански е да тој има право на избор,“ пишува религија.мк.

Фото: Bigorski.org.mk

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со одлука на Националниот парк Шар Планина се забранува користењето ратраци за скијачки тури

Редакција

Антикорупциска ќе истражува дали директорката Пановска „местела“ тендери во корист на татко и

Редакција

Познати кандидатите на Беса за идни министри

Редакција