Во македонското Собрание со 76 гласа „за„, 16 „против“ и без воздржани се избраа новите заменици министри.
За заменик министер за одбрана е избрана Елфет Исмаили.
За заменик министер за внатрешни работи е избран Астрит Исеини.
За заменик министер за правда е избран Ален Деребан.
За заменик министер за односи со заедници е избран Неждeт Мустафа.
За заменик министер за надворешни работи и надворешна трговија е избран Зоран Димитровски.
За заменик министер за европски прашања е избрана Викторија Трајков.
За заменик министер за финансии е избран Николче Јанкуловски.
За заменик министер за економија и труд е избран Марјан Ристески.
За заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини е избран Мирослав Лабудовиќ.
За заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство е избран Флакрон Беџети.
За заменик министер за здравство е избран Јовица Андовски.
За заменик министер за образование и наука е избран Лулзим Алиу.
За заменик министер за социјална политика, демографија и млади е избран Ѓоко Велковски.
За заменик министер за локална самоуправа е избран Ерџан Селими.
За заменик министер за култура и туризам е избран Седат Сулејмани.
За заменик министер за дигитална трансформација е избран Радослав Настасијевиќ Варџиски.
За заменик министер за јавна администрација е избран Лазе Јаќимоски.
За заменик министер за транспорт е избрана Калтрина Зеколи Шаќири.
За заменик министер за животна средина и просторно планирање е избрана Ане Лашкоска.
За заменик министер за спорт е избрана Сафије Садики Шаини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Мирослав Лабудовиќ, кандидат за заменик министер за енергетика, рударство и минерални суровини
Кој е Николче Јанкуловски, кандидат за заменик министер за финансии
Кој е Астрит Исеини, професор по физичка култура, кој ќе биде заменик министер во МВР