Излезноста на гласачите до 18:30 часот од обработени податоци од 3.174 избирачки места е 48,46 проценти, односно на гласање излегле 801.074 гласачи, соопшти претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски.
Најголема излезност има во Новаци каде на гласање излегле 71,07, а најмала во Центар Жупа 16,90 проценти.
Гласањето поминало мирно без поголеми инциденти на гласачките места, а продолжено гласање ќе има во едно место во Демир Хисар, Липково, Могила и во Делчево.
Уважени се 134 поплаки од граѓани за избирачко право, на бесплатна телефонска линија на ДИК имало 10 јавувања на граѓани, а како видео повици имало од осум лица со оштетен слух.
На три места во Куманово гласањето е прекинато и тие се затворени. Како што објасни претседателот на ДИК доколку резултатите од овие избирачки места имаат влијание на крајниот резултат ќе има прегласување.
Фото: Игор Бансколиев