еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Инфлацијата во февруари 3%

Државниот завод за статистика соопшти дека инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024 година, изнесува 0.4 %.

Зголемувањето на инфлацијата во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024 година, е резултат на зголемувањето на трошоците на животот во следните групи: транспорт за 1.6 %, разновидни стоки и услуги за 0.8 %, храна и безалкохолни пијалаци за 0.5 %, мебел, покуќнина и одржување на домаќинствата, здравје за 0.4 %, домување, вода, електрика, гас и други горива, алкохолни пијалаци, тутун и наркотици за 0.2 %.

Во февруари 2024 година, во однос на јануари 2024 година, намалување на трошоците на животот е забележано во следните групи: облека и обувки за 0.3 %, рекреација и култура, ресторани и хотели за 0.1 %.

Трошоците на животот во групите: комуникации и образование остануваат на исто ниво како и во претходниот месец.

Индексот на цените на мало во февруари 2024 година во однос на јануари 2024 година изнесува 100.3.

Индексот на трошоците на животот во февруари 2024 година, во однос на февруари 2023 година, бележи зголемување од 3 %, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 2.7 %.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Либија пред пропаст: Кој е Генералот Калифа Хафтар – човекот што повторно ја „запали“ Африка?

Редакција

Твитер „зовре“ за катастрофата во Струга: „Трска гори, Влада се чешла“

Редакција

(ВИДЕО) Во Грција биеjа камбани во знак на жалост за ратификацијата на Договорот од Преспа, седиштата на СИРИЗА ги чува полицијата

Редакција