еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

И Словенија ќе ја признае Палестина

По Ирска, Норвешка и Шпанија, и Словенија ќе ја признае палестинската држава.

Словенечката влада објави дека им се придружува на европските земји кои ја признаваат палестинската државност.

Словенечкиот премиер Роберт Голоб изјави дека неговата влада се согласила со одлуката за признавање на Палестина и најверојатно ќе ја достави мерката до Парламентот на конечно одобрување следната недела.

Израел ја осуди одлуката на Словенија и ја нарече “награда за Хамас за убиства и силувања“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанија, Норвешка и Ирска ја признаа Палестина

Македонија ја нема признаено Палестина

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На Попова Шапка утрово измерени -12 степени, снежната покривка е 78 сантиметри

Редакција

Преспанскиот договор е реалност и ќе го почитувам, изјави Силјановска Давкова

Редакција

Фирми од Скопје, Тетово, Гостивар, Струга… зеле пари од државата преку мерката за плати на работниците, но не им ја исплатиле

Редакција