Се уште нема никаква официјална информација каде е поранешниот директор на државната Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, осомничен за случајот „Адитив“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра
Медиумите изминатиов период шпекулираа дека е во Србија, Австрија, Нов Зеланд…., а од институциите не соопштија ниедна нова информација за него или за другите осомничени за предметот „Адитив“, кој беше засесенет од случајот за криминалот во Државна лотарија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Васко Ковачевски е во Србија? Мицкоски вели дека брзо ќе биде вратен во Македонија
За него се уште нема ни потерница, ниту пак мерки, за разлика од другите осомничени во случајот пишува Слободен печат.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
30 дена притвор за Васко Стефанов, Васко Ковачевски останува недостапен
Од Основното јавно обвинителство (ОЈО) за весникот велат дека причината за тоа е што Министерството за внатрешни работи не ги известило Кривичниот суд Скопје и ОЈО дека тој е недостапен за органите на прогонот.
Од МВР пак весникот го упатиле до ОЈО или Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, да праша дали за него има наредба за приведување и распишување на потерница.
Весникот повикувајќи се на свои извори пишува и дека Кривичен се уште не одлучувал за мерки за Ковачевски.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Васко Ковачевски, кој е осомничен во „Адитив„
Кој друг освен Васко Ковачевски и Васко Стефанов е осомничен за криминалот тежок 6,5 милиони евра
Фото: ЕСМ