еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Казна за Сојузот на стопански комори за давање лажни информации за картелското здружување на маркетите

Комисијата за одлучување по прекршок (КОП) при Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) по поведена прекршочна постапка донела решение за изрекување прекршочна санкција за Сојузот на стопански комори на Македонија (ССКМ) заради давање неточни, нецелосни податоци и податоци кои можат да ја доведат во заблуда КОП, информираа од КЗК.

Како што се наведува во соопштение од КЗК, Комисијата по допрен глас повела постапка против Сојузот на стопански комори и против четири големи ланци на маркети заради постоење на сомневање за картелско здружување што е строго забрането согласно член 7 од Законот за заштита на конкуренцијата.

– Во текот на постапката иако претходно опоменати од страна на овластените лица од Комисијата за заштита на конкуренција дека давањето на неточни и нецелосни податоци е казниво согласно член 61 став (1) точка 10) од Законот за заштита на конкуренцијата, извршниот директор и потпретседателот на Комората свесно давале неточни податоци за улогата на Комората и нејзините овластени лица во организацијата на склучувањето на забранет договор (картел) помеѓу четирите големи ланци на маркети, се вели во соопштението.

При контрола на службената комуникација на овластените лица во Комората, се додава во соопштението, од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата јасно е утврдено дека истите имале активна улога во процесот на договарање и свесно давале неточни и нецелосни податоци заради избегнување на одговорноста за картелско здружување.

Имајќи ги предвид тежината на прекршокот и последиците предизвикани од прекршокот, КОП износот на глобата го утврдува во висина од 0.8747%, од приходите на ССКМ остварени во 2024 година.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Ретка снимка: Прослава на Водици пред еден век во Битола

Редакција

Багер во центарот на Скопје удрил во 66-годишна жена која починала на лице место

Редакција

(Видео) Вознемирувачки снимки од Скијатос по бурата која ја погоди Грција, островот е без струја и вода

Редакција