еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Иван Стоилковиќ, новиот министер за односи меѓу заедниците и вицепремиер

Иван Стоилковиќ, лидерот на Демократската партија на Србите во Македонија е нов вицепремиер и министер за односи меѓу заедниците.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциска комисија кога станал пратеник. Сега ќе треба да поднесе нов.

еМагазин во серијал ќе Ви пренесе каков имот пријавиле новите членови на Владата, за кои се достапни податоци, односно и досега извршувале некаква државна функција, па имале законска обврска да го пријават истиот.

Тие што не извршувале досега функција, податоци за имотот до Антикорупциската комисија ќе треба да достават во рок од 30 дена.

Каков имот пријавил

На свое име нема недвижен имот.

На име на сопругата пријавил стан во Куманово.

На име на децата пријавил земјиште во селото Стрновац, Старо Нагоричане, како и возило Туарег.

На име на сопругата пријавил уште едно возило, Голф.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавила Гордана Димитриеска Кочоска, новата министерка за финансии

Каков имот пријавил Тимчо Муцунски, новиот министер за надворешни работи и надворешна трговија

Каков имот пријавил Владо Мисајловски, новиот министер за одбрана

Фото: Фејсбук/Стоилковиќ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Босфорус е еден од најбараните хотели во Сиде: Посебен концепт на одмор, дизајн на хотелот и врвна услуга

Редакција

Во тепачка меѓу две семејства во Струмица убиено 22-годишно момче

Редакција

Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под постојните услови

Редакција