еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Иџет Мемети, кој призна дека земал мито и се спогоди со Обвинителството

Иџет Мемети, поранешниот народен правобранител и сега веќе поранешен член и потпретседател на Советот на јавни обвинители призна вина за случајот со врховниот судија Наке Георгиев.

Тој призна дека земал мито и се спогоди со Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иџет Мемети призна дека земал мито и се спогоди со Обвинителството

Мемети и Георгиев се осомничени дека лажно ветувале дека ќе влијаат и ќе му овозможат олеснување на поранешниот градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев во предметот за шверц со марихуана.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Иџет Мемети, кој остана без пасош поради случајот со судијата Георгиев

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога станал член на Советот на јавни обвинители.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил куќа во Тетово од наследство, стан во Скопје од 64 метри квадратни, а како заеднички имот од наследство пријавил повеќе ниви во селото Раковец, тетовско.

Поседува и акции, но не навел каде.

На име на сопругата пријавил две девизни штедни книшки, а на свое име два кредити, земени во 2020 и 2019 година, од по 14,2 илјади евра и 59 илјади евра, за кои не дал податок до кога треба да ги врати.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е судијата Георгиев кој поради поткуп доби притвор од 30 дена

Каков имот пријавил судијата Георгиев, кој заврши во притвор за поткуп

Судијата Георгиев го пријавил синот на Стојчев и е фатен на дело, за Мемети нема доволно докази: Детали од Обвинителството

Фото: ТВ Сител

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија денеска гласа за претседател на државата

Редакција

ЕСМ склучи договор со „Дигер“ вреден 1,4 милион евра

Редакција

Границата со Грција останува затворена најмалку до 14 декември

Редакција