Коце Трајановски, поранешниот градоначалник на Скопје е новиот директор на Јавното претпријатие (ЈП) за државни патишта.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Коце Трајановски нов в.д. директор на ЈП за државни патишта
Деновиве од Антикорупциската комисија е објавен неговиот анкетен лист, а еМагазин провери што пријавил.
еМагазин во серијал Ви пренесува каков имот пријавиле дел од новите директори во македонските институции и јавни претпријатија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Коце Трајановски, кој е назначен за в.д. директор на ЈП за државни патишта
Каков имот пријавил
Во скопска Гази Баба пријавил неколку парцели градежно изградено земјиште, од кои дел се од наследство.
Таму има и куќа од 426 метри квадратни.
Парцели градежно изградено земјиште од наследство пријавил и во Бродец, како и во скопски Илинден и вон Илинден, од наследство
.Таму пријавил и два стана, од наследство.
На име на сопругата пријавил возило Сузуки, а на свое име оружје.
Пријавил и девизни сметки и штедни влогови, а на свое име има и кредит.
Ја пријавил и платата на новата функција.
Со сопругата се содружници во трговско друштво.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Каков имот пријавил Бранко Аџигогов, вториот директор на Фондот за здравствено осигурување
Каков имот пријавил Сашо Клековски, новиот директор на Фондот за здравствено осигурување
Фото: Трајановски/Фејсбук