еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил поранешниот министер Бектеши, кој е еден од осомничените за трагедијата во Кочани

Еден од осомничените за трагедијата во Кочани, во која во пожар во т.н. дискотека/кабаре загинаа 59, а се повредени 197 лица е и поранешниот министер за економија, Крешник Бектеши, кадар на опозициската ДУИ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За што е осомничен поранешниот министер Бектеши

Тој пред Основното јавно обвинтелство Кочани да информираа дека е еден од осомничените во истрагата која ја отвори, доби и 30 дена притвор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

30 дена притвор за Бектеши и 12 други лица за трагедијата во Кочани

Според Обвинителството, тој, како и неколку други лица од Министерството за економија, меѓу кои и поранешната државна секретарка Размена Чекиќ-Дуровиќ и раководителот Беким Хаџиу, се дел од истрагата поради неизвршување на своите службени должности што биле правно должни да ги извршат и не постапиле според прописите и техничките правила за мерките за заштита и на т.н. дискотека/кабаре, која не ги исполнувала пропишаните услови и начин за вршење на угостителска дејност во повеќе наврати со лиценци и овозможиле вршење угостителска дејност.

еМагазин го разгледа неговиот анкетен лист кој го доставил до Антикорупциската комисија кога по вторпат стана министер за економија, кој го имаме во архива.

Каков имот пријавил

На свое име пријавил куќа од 280 метри квадратни во Кичево, проценета на 6,8 милиони денари, како и градежно земјиште од 826 метри квадратни, исто така во Кичево, проценето на 58 милиони денари.

Има две возила, Хјундаи Тускон и Мерцедес Бенз.

На име на родителите пак пријавил градежно и земјоделско земјиште и деловен простор во Кичево, куќа во Приштина, Косово, стан во Базел, Швајцарија, три стана, од кои едниот во Каваја, Албанија и возило Митсубиши Ланцер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични за 34 физички и три правни лица за трагедијата во Кочани

Сите детали за истрагата за трагедијата во Кочани: Опфатени се 27 физички и три правни лица

Фото: Фејсбук/Бектеши

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

До крајот на неделава дожд и снег и на некои пониски места

Редакција

Боки 13 во понеделник, Јанева во вторник на распит за „Рекет“

Редакција

(Мапа) Најмногу случаи на Ковид-19 на 100 илјади жители има во Кратово

Редакција