еМагазин
Image default
CHECK IN ТОП СТОРИИ

Како паланчикара „Сакаш?“ го прослави Илинден

Веројатно нема кој не слушнал за прочуената паланчикара „Сакаш?“ во Илинден. Или по препорака, бидејќи добриот глас надалеку се слуша, или пак како содржини на социјалните мрежи.

„Сакаш?“ е одличен пример за мал бизнис кој освен преку добриот производ, процветал буквално благодарејќи на рекламите по социјалните мрежи. Сопственикот Гордан Миленковски, добро ја разбрал нивната улога за развој на бизнисот, бидејќи како што вели во разговорот за еМагазин.мк, вие може да имате колку сакате добар производ, но тој треба некој да го проба.

„Сакаш?“ постои четири години но последната година прави бум, бидејќи Гордан навлегува во маркетингот на социјалните мрежи и успева да ја прочуе паланчикарата, за која првично имало идеја да се отвори во Охрид.

„Кога завршив средно требаше да почнеме во Охрид, но тешко можевме да извадиме документи и затоа почнавме овде. Идејата беше да работиме сезонски јуни, јули и август. И во Илинден ни се искомплицира со документи, додека го направивме објектот.

Отворив на 26. август 2020 година, а сезоната веќе беше помината. Идејата беше да пробаме две три недели, па од следното лето да почнеме пак. Но, не затворивме, решивме да продолжиме и на зима, која тешко ја поминавме,“ раскажува Миленковски за еМагазин.мк.

На почетокот, односно добри две години работеле само тој и неговата девојка која имала и друга работа.

„Бидејќи секоја зима правиме новогодишен базар, вработивме уште еден човек, бидејќи очекував дека работата ќе ни се зголеми. Иако немавме многу работа, го задржавме вработениот, бидејќи знаевме дека за летно време ќе ни треба.

Бидејќи немаше многу работа, бев послободен и тогаш имав време да навлезам со маркетинг на социјални медиуми. Производ имавме, но прашањето беше како да донесеме маса на луѓе, бидејќи требаше да мислиме како да извадиме три плати.

Доста навлегов, учев, почнавме да снимаме видеа и да ги објавуваме на социјалните мрежи. За една година толку многу се развивме што од двајца сега сме 12 вработени,“ додава Миленковски чии што идеи за видеата се негови.

Друг снима и монтира, но тој е креаторот на содржините. Маркетингот на социјалните мрежи е главната алатка со помош на која, бизнисот е развиен и планира да се прошири.

Имено, во првата половина на октомври „Сакаш?“ ќе се отвори и во Аеродром, каде што би работеле од 14 до 16 луѓе.

„Заедно со Аеродром би биле вработени околу 30 луѓе. Ова се се случи за неполни две години. Производот секако е најважен, но на почеток беше проблем што немаше кој да го проба.

Функциониравме на база на продажба во Илинден, а сега 99% од луѓето кои доаѓаат се надвор од Илинден,“ ја завршува приказната Миленковски.

Во однос на името, барале нешто несекојдневно и што не може да се најде на пазарот, збор со прашалник.

„Сакаш?“. А кој не сака палачинки со различни вкусови и додатоци, од кои, од една би се заситиле двајца, и притоа по многу пристојни цени. Притоа и сами се уверивме во посветеноста на персоналот, нивната меѓусебна хармонија и позитивност.

Се што треба да знаете за нив е додека девојката примаше нарачки како на телелфон, како на лице место, си пееше.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Сакаш? (@sakash.mk)

Фото: еМагазин Видео/Фото: Сакаш?

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Управата за финансиска полиција вработува 27 лица, плата до 47.000 денари

Редакција

Најчитани на еМагазин за 2021: Се што треба да знаете за кинеската вакцина Синовак

Редакција

Боки-13 бара вонреден надзор и контрола од страна на Судскиот совет, заради кршење на човекови права

Редакција