еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Катица Јанева го загуби правото да работи надвор од Идризово

Катица Јанева, поранешната специјална обвинителка која од февруари беше на т.н. делумна слобода, го загуби правото да работи надвор од затворот Идризово во Скопје, бидејќи не работела во адвокатската канцеларија на нејзиниот син Лазар Јанев.

Службени лица од Управата за извршување на санкции извршиле увид во канцеларијата и констатирале дека таа е затворена, односно дека нема никој.

-Јанева била должна да се пријави ако не е таму. Направен е записник и веќе нема да може да користи делумна слобода. Таа има право повторно да побара, но со оглед дека веќе направила прекршок нема да и биде дозволено, вели за „Република“ директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов.

Претходно таа работеше во библиотеката во затворот и ѝ беше дозволено да користи викенди.

Јанева заврши во затвор за случајот „Рекет“ и доби затворска казна од седум години, која ѝ истекува на 21. август 2026 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Камчев нема да добие 1,5 милион евра од Катица Јанева и Боки 13

Кој сѐ освен Катица Јанева и Стевчо Јакимовски е на “црната листа„ на САД

(Фото) Катица преку ден на работа кај синот, навечер е во затвор

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) За кого носеше цвеќе министерот Бектеши на дочекот на Ципрас на скопскиот аеродром

Редакција

(Фото+Видео) Пендаровски: Имаме извонредно ретка можност да бидеме сведок на еден импресивен јубилеј-1.000 години од основањето на Бигорскиот манастир

Редакција

(Фото) „Добрососедски нацизам“: Група граѓани синоќа протестираа пред бугарската Амбасада

Редакција