еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Клиника Жан Митрев згрижи 9 пациенти, тројца се испратени во соседните земји, тројца се пуштени дома а останатите се задржани на понатамошна опсервација

Клиника Жан Митрев дава целосна поддршка и максимална посветеност за повредените од трагичниот настан во Кочани, информираат од таму.

-Досега вкупно девет пациенти беа згрижени во Клиниката, од кои тројца пациенти кои беа во животна опасност и беа итно интубирани, се пренесени на лекување во соседните земји.

Останатите шест пациенти добија соодветен третман, при што тројца од нив веќе се во стабилна состојба и ќе бидат пуштени на домашно лекување, додека другите тројца пациенти остануваат на дополнителна опсервација.

Клиника Жан Митрев од првиот момент ги отвори вратите за сите повредени во трагичниот настан во Кочани и со целосна поддршка и максимална посветеност ги стави на располагање сите свои ресурси, целиот медицински персонал, болничките капацитети и амбулантните возила.

Тимот на болницата лекари, медицински сестри и болничари, заедно со специјално опремените амбулантни возила, постојано се ангажирани во транспорт на најтешко повредените пациенти не само до и од клиниката, туку и од други здравствени установи во земјата и странство.

Во изминатиот период беа транспортирани повеќе од десет пациенти кон различни здравствени центри, вклучувајќи ги аеродромите во Скопје и Солун, како и болниците во Белград, 8 Септември, Клиничката болница Климент Охридски и други.

Сочувствувајќи со ненадминливата трагедија и големата болка, целосната грижа и сите услуги за повредените беа обезбедени бесплатно и Клиниката заедно со целиот свој персонал ќе продолжи да помага се додека има потреба, со истата посветеност и хуманост што се темел на нашата работа, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Фото) Државниот врв традиционално на именден кај г.г Стефан

Редакција

Повторно заглавено возило на Галичица, иако патот е затворен

Редакција

Продажбата на Еуроникел ја зголеми добивката на Комерцијална банка

Редакција