Дали сте знаеле дека етно ресторанот „Куќа на Мијаците“ своите приходи ги пренасочува за социјално загрозени семејства, социјализација и лекување на децата зависници што престојуваат во Бигорскиот манастир, згрижување на бездомници, грижа на лица отфрлени од општеството и изградба на манастирите и црквите во Мијачкиот регион?
Секогаш кога вие ќе одлучите вашиот ручек да го поминете во овој етно ресторан со превкусна мијачка храна вие лекувате болен, згрижувате бездомник, помагате на социјално загрозени семејства и ги градите нашите цркви и манастири во Мијачкиот регион.
Бидејќи наближуваат празниците, „Куќа на Мијаците“ е одлична идеја за општествено одговорните компании да прослават таму и воедно нивните вработени да го посетат Бигорски манастир, но и црквите во околината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Галерија) Етно-ресторанот „Куќа на Мијаците“ награден со високо прзнание од Booking.com