еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои македонски пејачи добиле највисоки хонорари од општините

Анализата на Центарот за граѓански комуникации покажува дека општините годишно трошат над 1 милион евра за ангажирање на пејачи и забавувачи за манифестациите кои ги организираат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Најскапо платена е Северина, најмногу пари заработила Јелена Розга: За пејачи и забавувачи општините трошат над 1 милион евра годишно

Кој е најмногу платен

Годинава, заклучно со октомври, највисок хонорар зела хрватската пејачка Северина Вучковиќ, за настап на настан во Крива Паланка – 25.123 евра.

Следна е уште една хрватска пејачка, Јелена Розга, која од беровската општина добила 22 илјади евра, а од пробиштипската 20 илјади евра.

Потоа на листата е босанската група Хари Мата Хари, која од Општина Неготино добила 19,5 илјади евра, а по нив е српскиот пејач Саша Ковачевиќ, кому Општина Велес му исплатил 17 илјади евра.

По 13 илјади добиле македонската пејачка Бојана Скендеровски, од Општина Неготино, српската група С.А.Р.С. од Општина Велес и хрватскиот пејач Петар Грашо од Општина Градско.

Само 11 илјади евра добила македонската пејачка ѕвезда Каролина Гочева од Општина Крива Паланка.

Лани, пак, најскапо платен бил Саша Ковачевиќ, кој од Општина Штип добил повеќе од 25 илјади евра, а на второ место е хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ, која од истата општина добила 14 илјади евра, односно дури 10 илјади помалку од нејзиниот колега Ковачевиќ.

Речиси колку Даниела Мартиновиќ добил и српскиот пејач Жељко Самарџиќ, од Општина Берово, а домашната група Меморија добила 12 илјади од Општина Велес.

Речиси 9 илјади евра, од Општина Гостивар добило културно-уметничкото друштво “Јахи Хасани“, а Општина Штип му платила скоро 8 илјади евра на Амадеус бенд.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Каков имот пријавил Игор Јанушев, за кого СДСМ бара Обвинителството и ДКСК да испитаат како добил градежно земјиште на подарок вредно 325.000 евра

Редакција

Редици пред банките: Опасност од „Еуростандард кластер“ на корона вирусот

Редакција

Зафировска од IT Labs: Во ковид-пандемијата, технологијата ни помогна да функционираме нормално

Силвана Жежова