еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Кои се најпознатите брендови на млеко, јогурт, сирење… во Македонија, според потрошувачите

Агенцијата за истражување и консалтинг Инсајдер ИД, го спроведе истражувањето “Преферирани ланци на маркети и Најпознати брендови 2023. година”, кое е спроведено на репрезентативен примерок од 1.200 активни потрошувачи на територија на целата држава со користење на персонални интервјуа.

Во раммки на истражувањето се избрани и најпознати брендови според потрошувачите во 16 различни категории на производи, а потрошувачите одговараа на прашањето “Кој е според Вас најпознатиот бренд во категоријата XY?”.

Анализирани се овие категории на производи: Млеко, Јогурт, Кашкавал, Сирење, Сувомеснати производи, Чоколадо, Пиво, Вино, Газирана вода,, Здрава храна, Сладолед, Чипс, Флипс, Традиционално (Турско) кафе, Природни сокови и Сончогледово масло.

Како и претходните години, и во 2024 година,во категориите Млеко и Јогурт нема поместување  во однос на прво позиционираните брендови. Повторно, Битолска Млекара со брендовите Битолско Млеко и Битолски Јогурт бележат највисоко учество кое надминува 40%. Тоа што се разликува во однос на претходните години е намалувањето на процентуалното учество на прво позиционираните брендови од година во година, што посочува на зголемување на учеството на брендовите на пониските позиции или препознавање на нови брендови.

Во третата категорија Кашкавал, нема промени во однос на првиот бренд односно брендот Здравје Радово кој бележи 14%. Оваа категорија е меѓу најконкурентните, бидејќи потрошувачите имаат избрано повеќе од 23 брендови. Со тоа се потврдува заклучокот и од претходните години дека еден бренд го нема доминантното учество на пазарот, туку потрошувачите преферираат различни брендови.

За категоријата Сирење, на прва позиција е повторно Здравје Радово со 22%, но исто како и во претходната категорија, одговорите на потрошувачите се значително дисперзирани што посочува на голема конкуренција помеѓу брендовите.

За категорија Сувомеснати п производи, повторно за најпознат се позиционира Златиборац со 25%, што е пад на учеството за 2% во споредба со претходната година.

За категорија Чоколадо, брендот Милка ја потврдува највисоката позиција во категоријата со 38%, меѓутоа бележи намалување од 5% во споредба со процентуалното учество во 2022 година. Се забележува дека покрај првата позиција, постојат осцилации во учеството на брендот споредбено низ годините.

Категориите кои се однесуваат на алкохолни пијалаци Пиво и Вино, се одликуваат со еден препознатлив пазарен лидер. Имено, за двете категорија, првата позиција е непроменета и тоа во категорија Пиво, Скопско Пиво е на прва позиција со 35%, додека пак во категорија Вино на прва позиција е Тиквеш со 50%. И двата брендови, во претходните две години бележат намалување на учествата и покрај тоа што моменталната препознатливост како најпознати брендови е значително висока.

Категориите Газирана и Негазирана Вода, според позиција на бренд во 2023 година се анализирани засебно. И во двете категории има висок број на позиционирани брендови и значајна голема конкуренција. Во првата Газирана Вода, како најпознат бренд е Пелистерка со 26% и истото посочува на пад од 2% во споредба со претходната 2023 година.

Виталија ја задржува позицијата како најпознат бренд во Здрава Храна, 5. година по ред и во 2024 година остварува учество од 36%. Забележаното учество е всушност намалување во споредба со претходната година за 6% (две години по ред), што посочува на зголемување на конкуренцијата на пазарот и земање на дел на учеството на прво позиционираниот бренд. Сепак, препознатливоста на Виталија е сеуште висока и асоцира на препознатливост од речиси секој трет потрошувач.

Во категоријата Сладолед, Цермат е на првата позиција како најпознат бренд (22%) и може да се заклучи дека се остварува континуитет во растот, од година во година.

Во категоријата Јаткасти Производи, која за прв пат се анализира во тековното истражување, компанијата Бако остварува учество од 34%.

Во категоријата Традиционално (Турско) Кафе, Гранд Кафе е повторно најпознат бренд со учество од 31%. Додека пак, за Природни Сокови, Вива се позиционира како најпознат бренд со 31% со намалување од 2%.

Компанијата „Витаминка“, во 2024 година ги има најпознатите брендови во категориите Флипс со Стоби Флипс (86%) и Сончогледово Масло со Брилијант (43%). Во првата категорија, брендот Стоби Флипс остварува речиси изедначено учество со претходната година меѓутоа се уште го има највисокото учество во споредба со сите останати категории. Во врска со позицијата на Брилијант, се забележува намалување на учеството за 6% во споредба со 2023 година.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МНР: Бугарскиот конзул немал право да присуствува на увидот на Комисијата за спречување дискриминација во бугарскиот клуб

Редакција

Се слушаат истрели на северот на Косово, Советот за безбедност одржа состанок

Редакција

51 се реинфекции: 370 нови случаи на Ковид-19 од 3.148 тестови

Редакција