еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Комерцијална банка преговара со повеќе инвеститори за купување на имотот и опремата на Еуроникел

Комерцијална банка АД Скопје преговара со повеќе инвеститори за купување на имотот и опремата на Еуроникел, кои сега се во сопственост на Банката, информираат од таму.

Од таму велат дека поради доверливоста на преговарачкиот процес со потенцијалните инвеститори, Банката не е во можност во моментот да споделува повеќе информации во врска со оваа постапка.

-Притоа, секако дека на секој потенцијален купувач на имотот и опремата на Еуроникел ќе му требаат и работници за извршување на производниот процес, велат од таму и посочуваат дека евентуалното отворање стечајна постапка врз Еуроникел нема никаква врска и допирни точки со сопственоста на Банката врз преземениот имот и опрема.

-Овој имот и опремата во никој случај нема да бидат дел од стечајната постапка и Комерцијална банка е слободна да ги продава без никакви ограничувања, велат од Банката.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Комерцијална банка стана газда на Еуроникел

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Гори и во Демиркаписко, ќе се гаси со полициски хеликоптер

Редакција

Посетата на рускиот министер Лавров на Србија откажана откако му се забрани да лета над Македонија, Црна Гора и Бугарија

Редакција

(Видео) Невреме во Штип поплави улици и црква

Редакција