еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е грчката фирма што се откажа од изградбата на хидроцентралата „Чебрен“

Изградбата на хидроцентралата „Чебрен“, повторно е неизвесна откако од изградбата на истата се откажа грчката компанија Архиродон, која заедно со ППЦ, како конзорциум, во септември лани беше избранa за најповолен понудувач.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пропадна уште еден обид за изградба на „Чебрен“, грчката фирма нема да ја гради хидроцентралата

Хидроцентралата требаше да биде завршена за седум години, а стануваше збор за инвестиција од околу 1 милијарда евра.

Кои се грчките компании

Грчката национална компанија за производство на струја Public Power Corporation (ППЦ) веќе е присутна на македонскиот пазар откако пред неколку години од бизнисменот Кочо Анѓушев ја купи Енерџи деливери солушнс или ЕДС, која тргува со струја.

ППЦ е една од најголемите компании во Југоисточна Европа од областа на енергетиката, со вкупна актива од повеќе од 15 милијарди евра и годишни приходи од над 5 милијарди евра.

Основната дејност на ППЦ е производство, дистрибуција и снабдување со електрична енергија во Грција за 7,3 милиони потрошувачи и има пазарен удел од околу 85 проценти.

ППЦ е сопственик и на Хедно, која ја врши дистрибуцијата на струјата до потрошувачите во Грција, како и на ППЦ Обновливи извори  – една од компаниите пионери во Европа за производство на електрична енергија од обновливи извори.

Грчката компанија „Архиродон“, пак според податоците објавени на нејзината официјална страна во моментов има проекти од 4 милијарди долари, а нејзините активности се протегаат на три континенти и во 30 земји.

Архиродон започнала да работи како изведувач на градби на море во 1959 година со изградба на пристаништето Бенгази во Либија и пристаништето Бејрут во Либан (1962 година).

Досега завршила 350 проекти и има околу 10.000 вработени специјализирани за изградба на водени пристаништа, нафтни и гасни терминали, хидроцентрали, објекти за десалинизација на морето, објекти за менаџирање на отпад, аеродроми, мостови на вода, пумпни станици за вода, метро и железнички линии…

Архиродон во своето градежно портфолио ги има и вештачките острови „Палма“ во Дубаи, мостот на вода “Шеик Зајед Абу Даби“, метрото во Доха и пристаништето во Абу Даби.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Наместо пари од државата грчкиот концесионер на ХЕЦ „Чебрен“ ќе ја оперира и ХЕЦ „Тиквеш“

Грчка компанија ќе ја гради хидроцентралата Чебрен, ќе чини 1 милјарда евра, а ќе се гради 7 години

Фото: Архиродон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Сослушано обезбедувањето, блиски роднини на Груевски нема да сведочат за неговото бегство

Редакција

Противпожарни возила од Бугарија се вклучуваат во гаснење на пожарите во пехчевско

Редакција

(Фото-вест) Започна Саемот на книгата

Редакција