еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Марковски компани, која лани имала најголем удел во јавните набавки

Минатата година јавните набавки достигнале рекордно висока вредност и рекордно ниска конкуренција, покажуваат анализите на Центарот за граѓански комуникации (ЦГК).

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Лани склучени договори за јавни набавки во вредност од 1,5 милијарда евра, за 35% повеќе од претходната година

Според ЦГК, Марковски компани Борче ДООЕЛ Битола е компанијата која имала најголем удел во јавните набавки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои 10. фирми имале најголем удел во јавните набавки лани

Компанијата има склучени 20 договори, во вкупна вредност од 3,2 милијарди денари, односно 52 милиони евра.

Сите договори се склучени со државното акционерско друштво Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за ангажирање механизација и специјализирана работна рака за потребите на РЕК Битола.

За една година, Марковски компани успеала да ја дуплира вредноста на јавните набавки, со тоа што во 2022 година има договори во вредност од околу 25 милиони евра, а во 2023 година од 52 милиони евра.

Која е фирмата Марковски компани

За фирмата Марковски компани неможат да се најдат речиси ни основни информации на интернет, а интересно е дека компанијата нема ниту веб страница, а станува збор за фирма која во континуетиет добива тендери со високи суми на ЕСМ во изминативе години.

Основана е во 2002 година, со влог од 2.500 евра.

Се занимава со ископ на земја, земјени работи, набивање темелни столбови, изградба на темелна плоча, бетонирање, изградба на патишта, или се што спаѓа во нискоградба, стои во една од ретките основни информации за фирмата на интернет.

Кој е сопственик

Сопственик на Марковски компани е Борче Марковски, кој во 2016 година стана почесен конзул на Белорусија во Македонија, од кога е и овој скрин шот на кој е во друштво на амбасадорите на Русија и Белорусија (тој е во средина), кое е едно од многу ретките појавувања на Марковски во јавноста.

Фирмата доживува подем во 2012 година, кога почнува да добива тендери, стои во анализата на неделникот Фокус од пред неколку години, а нејзините приходи и профит секоја наредна година растат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕДС, Пуцко петрол и Марковски Компани Борче лани склучиле највредни договори за јавни набавки

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дојави за бомби и во 10 училишта во Куманово

Редакција

Уставен суд не поведе постапка за продолжувањето на вонредната состојба

Редакција

Народна банка: Нето надворешниот долг во вториот квартал намален за 101 милион евра

Редакција