еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Која е Славица Арсова, новата директорка на Психијатрија

Професор Д-р Славица Арсова е новата директорка на Универзитетска Клиника за психијатрија – Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се новите директори на клиниките

Арсова дипломирала на Медицинскиот факултет во Скопје во 1991 година.

Во 1998 година се стекнала со звање специјалист по психијатрија на Медицинскиот факултет Скопје, а подоцна и субспецијалист по психотерапија.

Веднаш по дипломирање работи во различни здравствени институции, а од 2002 е вработена во ЈЗУ УК за Психијатрија Скопје, каде активно ја обавува работа раководител на Центарот за ментално здравје.

Стручното усовршување го надополнува и го развива и надвор од државата во повеќе европски земји.

Од 2005 година се стекнала со звање магистер по психијатрија, во 2012 докторира, а актуелно е редовен професор и раковител на Катедрата по психијатрија на Медицинскиот факултет во Скопје.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Никола Ѓорѓиевски, новиот директор на Нефрологија

Фото: Фејсбук/Арсова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Диетата со вино, популарна меѓу скопските тинејџерки предизвикува сериозни здравствени проблеми, предупредува доктор Беќаровски

Редакција

Вкупно 1.207: Нови 37 случаи на коронавирусот, најмногу во Скопје и Куманово

Редакција

(Видео) Во Атина вчера два масовни протести поради железничката несреќа

Редакција