Бесиан Ахмети, внукот од брат на лидерот на опозициската ДУИ, Али Ахмети, е во фокусот на јавноста поради неговото разрешување од прв секретар на македонската Амбасада во Брисел, Белгија, но и поради тоа што е осомничен во случајот со злоупотреба на концесија за минерални суровини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Муцунски го разреши внукот на Ахмети, Бесиан, од прв секретар во Амбасадата во Брисел
Кој е Бесиан Ахмети
Тој е брат на Дрин Ахмети, многу попознат на македонската јавност. И двајцата се синови на Фекри Ахмети, брат на Али Ахмети.
Од Министерството за економија од април 2023 година беше упатен на работа во амбасадата на Македонија во Брисел со надлежност за земјите на Бенелукс (Белгија, Холандија и Луксембург) на работно место прв секретар..
Тој е и поранешен директор на фирмата Еверест ЏД, која е инволвирана во случајот со злоупотреба на концесија за минерални суровини.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кривични за внуците на Ахмети, Дрин и брат му Бесијан
На оваа функција бил до 2017 година, а потоа директор на фирмата станал брат му, Дрин Ахмети.
Фирмата има седиште во трговскиот центар Соравиа во Скопје каде брат му Дрин Ахмети стана еден од сопствениците „без пари“, а подоцна се повлече.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кои се фирмите на Дрин Ахмети кои добиле пари од Фондот за иновации
(Фото) КОД го исцрта бизнис стеблото на Али Ахмети и брат му Фекри
Фото: Ахмети/социјални мрежи