еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Петиција за преименување на улицата каде се наоѓа Руската амбасада во “Украинска“

На Интернет се споделува и потпишува петција за преименување на улицата каде се наоѓа Руската амбасада во Скопје во улица “Украинска“.

Оваа улица моментално се вика „Пиринска“.

“Живеејќи далеку од Украина понекогаш е тешко да се открие начинот на кој може да се пружи поддршка на народот врз кој е извршена инвазија. Сепак, има едно нешто кое може да се направи, а тоа е да се поддржи кампањата за преименување на улицата “Пиринска“ во улица “Украинска“. Ова е мал, но многу значаен акт на симболична поддршка за храбриот украински народ, кој ги брани вредностите на слобода и демократија од втората најмоќна воена сила во светот.

Како што веќе знаете, Русија и нејзиниот лидер Владимир Путин демонстрираат доста оскудно познавање за историјата на Украина. Русија заборава дека Украина е суверена држава, татковина на луѓе чија долготрајна борба за независност во минатото претставува тестамент за нивниот непокорен и несовладлив дух, и за нивната слободна волја.

Да се чекори по улица наречена „Украинска“ е одличен, секојдневен потсетник за руските претставници во нивните амбасади и конзулати насекаде во светот, за суверенитетот на Украина, каде демократијата и слободата се највисоки вредности.

Во име на Украина, неколку европски држави веќе ги променија називите на улиците каде што се адресите на руските амбасади во нивните држави.

Албанија додели ново име на дел од улицата – „ул.Слободна Украина“, Литванија ја преименува улицата во „Улица на украинските херои“, а Латвија во „Улица на независна Украина““, стои во петицијата.

Петицијата можете да ја потпишете ОВДЕ.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Третопласираниот на претседателските избори во Турција му даде поддршка на Ердоган за вториот круг

Редакција

Убиените во Топанско Поле се скопјани на возраст од 24 и 28 години

Редакција

Од Ковид-19 починаа 18 лица, најмногу од Скопје, Кавадарци и Тетово

Редакција