Илир Демири од владејачката Алијанса за Албанците (АА) е новиот министер за здравство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Илир Демири и Наим Бајрами од АА избрани за нови министри
Тој доаѓа на разрешениот Фатмир Меџити, исто така кадар на АА, кој беше разрешен, бидејќи во несогласувањата помеѓу претседателот на партијата, Арбен Таравари и поранешниот лидер Зијадин Села, застана на страната на Таравари.
Образование
Во 2003 година завршил Медицински факултет на Универзитетот во Тирана, Албанија.
Лиценца за медицинска пракса добил во 2004 година на Универзитетот „Кирил и Методиј“ во Скопје.
Спецјализирал за заразни болести во 2010 година.
Работно искуство и политичка кариера
Докторот Демири е актуелен директор на ЈЗУ Клиничка Болница Тетово, по предлог токму на Меџити.
На таа функција дојде од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, каде работеше и како координатор на Ковид-19 центарот.
Таму меѓудругото работел и како советник на лица кои живеат со ХИВ/СИДА.
Демири е специјалист инфектолог, кој на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби работеше од 2004 година.
Од 2007 година е асистент по предметот инфективни болести на Медицинскиот факултет во Скопје.
Во 2020 година се стекнал со титулата примариус доктор.
Важи за многу посветен доктор и е добитник на наградата „Европска личност за 2020 година“. Таа се доделува на лица кои имаат посебен придонес во афирмацијата на хумани вредности.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Наим Бајрами, кој е избран за министер за информатичко општество и администрација
Каков имот пријавил разрешениот министер Азир Алиу од Алијанса за Албанците
Каков имот пријавил разрешениот министер Фатмир Меџити од Алијанса за Албанците
Фото: Фејсбук/Демири