еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Кој е Наим Бајрами, кој е избран за министер за информатичко општество и администрација

Наим Бајрами, кадар на владејачката Алијанса за Албанците (АА) е новиот министер за информатичко општество и администрација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Илир Демири и Наим Бајрами од АА избрани за нови министри

Тој доаѓа на местото на разрешениот Азир Алиу, исто така од АА, кој беше разрешен, бидејќи во кавгата помеѓу лидерот на партијата, Арбен Таравари и поранешниот претседател Зијадин Села, застана на страната на Таравари.

Образование

Бајрами е дипломиран политиколог. Дипломирал во 2010 година.

На Правниот факултет при Универзитетот „Кирил и Методиј“ завршил постдипломски студии по меѓународна политика и дипломатија во 2021 година.

На истиот Факултет моментално следи и постдипломски по деловно-трудово право.

Зборува англиски и шпански јазик.

Работно искуство и политичка кариера

Од 2015 до 2022 година работел во приватната скопска фирма „Про-фруитс“, како советник за маркетинг.

Во 2022 година кратко работел во администрацијата на Град Скопје.

Минатата година работел и во Јавното претпријатие Комунална хигиена Скопје, како помошник раководител на Секторот за финансиско работење.

Моментално повторно работи во „Про-фруитс“, а е ангажиран и како советник во Министерството за правда, кое исто така го раководи кадар на АА, министерот Кренар Лога.

Член е на Централното собрание на АА.

Во 2017 година беше кандидат за градоначалник на Скопје на АА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Илир Демири од Алијанса за Албанците, кој е избран за министер за здравство

Каков имот пријавил разрешениот министер Азир Алиу од Алијанса за Албанците

Каков имот пријавил разрешениот министер Фатмир Меџити од Алијанса за Албанците

Фото: Фејсбук/Бајрами

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Зоран Милески – Кичеец осуден на три години затвор за „Рекет“

Редакција

Доктор Пановски: Ковид-19 траеше како и другите пандемии, во Македонија веќе е ендемија – треба анализа на смртноста

Силвана Жежова

Сергеј Самсоненко ги продаде акциите во Жито Полог

Редакција