Синоќа во врска со пожарот во Кочани во кој загинаа 59 лица беа уапсени актуелниот и двајца поранешни градоначалници на Општина Кочани.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсен Папазов и двајцата негови претходници Илијев и Димитровски
Станува збор за Љупчо Папазов од владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кој неодамна си понесе оставака, неговиот претходник Николчо Илијев, од опозициската СДСМ и градоначалникот пред него, Ратко Димитровски, од ВМРО-ДПМНЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кој е Ратко Димитровски, кој е уапсен со Љупчо Папазов и Николчо Илијев
Засега нема детали зошто се уапсени.
Кој е Николчо Илијев
Илијев беше градоначалник на Општина Кочани во периодот од 2017 до 2021 година.
Роден е 1958 година во Кочани.
За градоначалник беше избран на локалните избори во октомври 2017 година како натпартиски кандидат, предложен од коалицијата што ја предводеше СДСМ.
Илијев е дипломиран економист.
Тој е приватен стопанственик, основач и управител на текстилната компанија “ИНТ“ од Кочани.
Работното искуство го поминал на струката како раководител на неколку претпријатија, меѓу кои и на Винка АД Виница.
Зборува и германски јазик.
Оженет е и татко на две деца.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Зар е можно градоначалникот Папазов да не ја видел т.н. дискотека во Кочани?
Каков имот пријавил градоначалникот Папазов, кој поднесе оставка поради трагедијата во Кочани
Папазов беше на распит во Обвинителството, засега не е осомничен
Фото: Општина Кочани