еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кој е претседател на Алијансата за Албанците, Села или Таравари?

„Битката“ помеѓу Зијадин Села и Арбен Таравари во владејачката Алијанса за Албанците (АА) се заострува.

По вчерашниот Конгрес на партијата во Скопје, сега истата има двајца претседатели.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари разрешен, Села неговото “крило“ повторно го избра за претседател на Алијанса за Албанците

“Крилото“ на Села, која го оргнизираше Конгресот го разреши актуелниот претседател Таравари, а за нов по трет пат го избра Села.

Од „крилото“ на Таравари, пак реагираа дека Конгресот бил незаконски и со неговото одржување бил прекрешен Статутот на АА, а за оваа „крило“, Таравари останува легален претседател.

Реакцијата стигна од партиското тело – Статутарна комисија, која ја сочинуваат Ардиан Лимани, кој е претседател, а членови се Кујтим Незири, Башким Бакиу, Сирија Рашиди и Атнан Незири.

„Статутот на Алијансата за Албанците, во член 51, предвидува Статутарната комисија да ги води постапките на вонредниот Конгрес на кој се одлучува за разрешување на претседателот на партијата“, велат меѓудругото од таму и најавуваат правна разврска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари на Конгрес му ја укина партиската функција на Села

На друг конгрес, кој се одржа во петокот, оваа „крило“ пак го разреши Села од претседателското место на партискиот орган – Централно собрание.

Чива ќе биде АА и кој ќе ја води партијата повеќе од очигледно е дека ќе одлучува државниот Управен суд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Каков имот пријавил Зијадин Села, кој повторно е избран за претседател на Алијансата за Албанците од страна на неговото “крило“

Кој е Зијадин Села, кој неговото „крило“ повторно го избра за претседател на Алијанса за Албанците

Кој е Арбен Таравари, кандидат за претседател на албанската опозиција

Фото: Села/АА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СЈО бара на следното судење за „Тортура“, Камчев да биде донесен со полиција, бизнисменот вели дека не добил покана

Редакција

Топ 5 акции со најголем раст и пад на Македонската берза во септември

Редакција

ВМРО-ДПМНЕ предложи 9 итни мерки за надминување на состојбата со коронавирусoт

Редакција