еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за градоначалникот Јакимовски и вработени во Општината, од таму велат дека е полтички мотивирана

Градоначалникот на скопски Карпош, Стевчо Јакимовски заработи кривична пријава за злоупотреба на службената должност и овластување од Министерството за внатрешни работи (МВР).

Со кривичната се опфатени и пет лица вработени во Општината, како и правно лице.

-Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за економски криминал и корупција во координација со Одделот за сузбивање организиран и сериозен криминал до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против градоначалник на една скопска општина, пет лица вработени во Секторот за урбанизам во истата општина и правно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Имено, по поднесеното барање за утврдување правен статус на бесправен објект од страна на пријавеното правно лице, пријавените пет вработени во општината излегле на местото, бил изготвен записник за увид на местото, во кој спротивно на Законот за градењето и Законот за утрдување правен статус на бесправно изградените објекти констатирале дека наводно објектите за спорт и рекреација – тениски игралишта – ги исполнуваат условите за нивна легализација, иако објекти од ваков вид се привремени и не може да бидат предмет на легализација, по што изготвиле и заедно со пријавениот градоначалник потпишале урбанистичка согласност, а по плаќањето на одредениот данок на имот, изготвиле и потпишале решение за утврдување правен статус на бесправен објект.

На тој начин му овозможиле на пријавеното правно лице да ги запише наводно бесправните објекти во вкупна површина од 3.993 квадратни метри, односно да стекне противправна имотна корист во износ од 147.341.700 денари, велат од МВР.

Со реакција за кривичната се огласија од Општината, од каде велат дека Секторот за урбанизам и правниот сектор во Општина Карпош со индигнација ја отфрлаат оваа кривична пријава на МВР и истата ја сметаат за тенденциозна и злонамерна и политички мотивирана.

-Стручните служби од општина Карпош предметот за легализација на спортските објекти на Александар Палас со внимание го имаат разгледувано, и истиот е решен согласно законските прописи.

Општина Карпош категорично тврди дека легализацијата е законита за овие спортски објекти затоа што за се’ што се издава одобрение за градба се врши легализација, а за истите објекти правното лице Александар Палас има одобрение за градба од Министерството за транспорт и врски за кое не го спровеле во катастар.

Дополнителен аргумент е фактот што за тениски терени изградени на територија на Општина Карпош во времето на Никола Груевски е издадено одобрение за градба.

Во Општина Карпош работат квалитетни искусни службеници кои совесно си ги вршат своите работни обврски и убедени се дека истата кривична пријава ќе биде отфрлена како недопустлива од причини што надлежните општински органи правилно ги утврдиле фактите и извршиле легализација согласно законските прописи кои ги донела Владата на Никола Груевски, велат од Општина Карпош.

Фото: Фејсбук/Јакимовски

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во градинките досега 33 деца и 109 вработени позитивни на Ковид-19

Редакција

Болниците речиси полни, на респиратор се 5 пациенти заболени од Ковид-19

Редакција

Две деца оставени сами во автомобил на паркинг во Ново Лисиче, пренесени в болница

Редакција