еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривична за поранешната министерка за култура Костадиновска-Стојчевска

Министерството за внатрешни работи (МВР) поднесе кривична пријава против поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска.

Истата е за злоупотреба на службена положба и овластување.

Според МВР, Костадиновска-Стојчевска за доградба на Универзална сала во Скопје го презела истиот договор што го имал Град Скопје со фирмата, иако тој договор бил истечен и требало да распише нов тендер.

На тој начин, велат од МВР, на фирмата противзаконски ѝ исплатила повеќе од 27 милиони денари.

„И покрај тоа што Министерството (за култура) било задолжено да ги спроведе неопходните постапки за доделување на сите потребни договори за целосно и комплетно завршување на реконструкцијата на објектот, иако согласно одредбите на Законот за јавни набавки била должна да спроведе нова постапка за јавна набавка за избор на најповолен изведувач на работите за довршување на реконструкцијата на објектот, во име на Министерството за култура како наводен нарачател со правно лице од Скопје како изведувач, склучила Договор за преземање и отстапување на права и обврски од договор за јавна набавка на работи во вредност од 115.173.789 денари“, велат од МВР:

Согласно тој договор, како што велат од МВР, Министерството за култура наводно ги преземало истите права, обврски и вредност од претходно склучениот договор помеѓу Град Скопје и истото тоа правно лице, иако знаела и била свесна дека претходно склучениот договор за јавна набавка помеѓу Град Скопје како договорен орган и правното лице како носител на набавката за реконструкција на објектот на 4.9.2023 година бил со истечен рок за изведба на работите.

„За ова од страна на договорниот орган Град Скопје на Електронскиот систем за јавни набавки – ЕСЈН на 18.09.2023 година било прикачено и Известување за реализиран договор и предметот кај договорниот орган Град Скопје бил архивиран како завршен и како таков договорот не претставува правен валиден акт кој може да биде преземен“, велат од МВР.

Министерството за култура, врз основа на новиот договор, по доставени две времени ситуации од страна на изведувачот за изведени работи, на правното лице му исплатила вкупен износ од 27.197.845 денари.

„Со тоа било овозможено правното лице од Скопје, како изведувач на работите, да се стекне со противправна имотна корист во наведениот износ“, велат од таму.

Фото: Фејсбук/Костадиновска-Стојчевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Статутот и програмата на згаснатиот бугарски клуб “Иван Михајлов“ денеска пред уставните судии

Редакција

Алијанса за Албанците: Ако дојде каков било предлог за влез во Владата, ќе составиме конкретна платформа со барања

Редакција

Ќе има ли нови аудио снимки: “Бомби“ пука кој ќе стигне

Редакција