еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Кривичниот го одобри обвинението за „Адитив“

Од Основниот кривичен суд Скопје денеска информираа дека е одобрено обвинението за случајот „Адитив“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сите детали за акцијата „Адитив“: 23 лица проневериле 6,5 милиони евра

-Советот за оценка на обвинителен акт при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по поднесеното обвинение за случајот “Адитив“, а по ценење на наводите во обвинението и приговорите на обвинението донесе решение со кое обвинителниот акт се одобрува во целост, велат од таму.

Меѓу обвинетите е поранешниот директор на Електрани на Северна Македонија (ЕСМ), Васко Ковачевски, кој е во бегство, поранешниот директор на ЕСМ, Васко Стефанов, поранешниот директорите на РЕК Битола, Пеце Матевски, поранешниот директор на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и поранешните комерцијални директори на ЕСМ, Адријан Муча и Данчо Стојановски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кој е Пеце Матевски, поранешниот директор на РЕК Битола, кој е обвинет за злоупотреби на тендер

Неодамна и претседателката на Државната комисија за спречување корупција, Татјана Димитровска стана дел од осомничените лица во случајот оти му издавала службени тајни на поранешен директор на Стојановиќ.

Според обвинението, кое беше проширено за уште неколку лица, 31 физичко лице и 5 фирми ќе одговараат за криминали во ЕСМ. Обвинетите се товарат за незаконска набавка на адитиви вредна над 6,5 милиони евра од мала фирма сопственост на братучетка на еден од поранешните директори на ЕСМ.

Несовесно работење, злосторничко здружување, злоупотреби при работењето и на постапка за јавен повик, перење пари се дел од кривичните дела за кои ќе се гонат во следниот период, а ќе се бара и конфискација на имот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Татјана Димитровска, претседателката на Антикорупциска, која е осомничена за „Адитив“ и остана без пасош

Каков имот пријавил Васко Стефанов, поранешниот директор на ЕСМ, кој е уапсен

Каков имот пријавил Васко Ковачевски, кој е осомничен во „Адитив„

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Македонија ќе поднесе ново барање до Грција за екстрадиција на екс разузнавачите Грујовски и Бошкоски

Редакција

Анџело Ѓорѓиевски, првоосомничениот за убиството на хрватскиот ракометар и се предал на полицијата

Редакција

Каков имот има Игор Милев, кој Владата го предлага за претседател на Одборот на директори во Македонски телеком

Редакција