еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Купував куфери, бидејќи авиокомпанијата ми го изгуби багажот, вели поранешната министерка Костадиновска Стојчевска

Поранешната министерка за култура и актуелна пратеничка Бисера Костадиновска Стојчевска по обвинувањата од владејачката ВМРО-ДПМНЕ дека во Лондон, Велика Британија за лични потреби трошела државни пари, денеска на прес конференција кажа дека купувала куфери, оти авиокомпанијата и го изгубила бажажот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ обвини дека Костадиновска Стојчевска потрошила 714 фунти државни пари на шопинг, поранешната министерка негира

„Дел од трошоците кои ги презентираа (од ВМРО-ДПМНЕ, н.з.) се однесуваат на нужност да обезбедам основни услови за мое нормално функционирање на службено патување по летот на кој авиокомпанијата ми го загуби багажот.

И да, купив нови куфери од сопствена сметка и основни средства за службеното патување за да можам да патувам и да учествувам на состаноците во момент кога останав без багаж при патувањето во Лондон. Остантиот дел е тешка манипулација и целосна невистина“, рече Костадиновска Стојчевска, која подвлече дека ако имало криминал во нејзиното работење нека и го симнат пратеничкиот имунитет.

“Ако се утврди неправилност, грешката ќе ја признаам и парите веднаш ќе бидат рефундирани. Ако не, ВМРО – Фалсификаторска ќе добие тужба и уште еднаш ќе биде потврдена како дезинформатор и маниулатор на македонскиот народ“, рече меѓудругото таа и повтори:

„Сите трошења за мои лични потреби биле реализирани исклучиво од моја лична приватна сметка. А, сите трошења кои биле нужни за службеното патување, биле реализирани од службена картичка, исклучиво согласно актуелните правилници и норми“.

Фото: Фејсбук/Костадиновска Стојчевска

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МВР со детали за давеникот во Охридско Езеро: Пијан влегол во вода со другарите, по што се удавил

Редакција

Владата го достави до Собранието дополнувањето на „францускиот предлог“

Редакција

Поранешниот претседател на Кривичен суд, Панчевски сам се пријавил во затворот во Шутка

Редакција