еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Лани 1,1 милион туристи од Македонија ја посетиле Грција, речиси дупло повеќе од 2022

Лани Грција ја посетиле 1.128.000 туристи од Македонија, речиси двојно повеќе од 2022 година, кога кај јужниот сосед се регистрирани 770.000 посетители од нашата земја, пренесе државната агенција МИА.

Македонија повторно е меѓу првите 15. држави според бројот на туристи и останува без промени на 11. позиција, иако драстично е зголемен бројот на посетители.

Македонските државјани се во меѓу првите три земји (второ место) по бројот на посети во регионот централна Македонија (Солун и Халкидики), но не се во топ трите држави според бројот на ноќевања и според направените трошоци за време на престојот.

Петнаесетте земји со најголем број посети и посетители на Грција се Германија, Велика Британија, Бугарија, Италија, Франција, САД, Романија, Холандија, Полска, Албанија, Македонија, Турција, Австрија, Белгија и Србија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Распишана национална, МВР ќе побара и меѓународна потерница за Мијалков

Редакција

„Бајки од Македонија“ ја шират македонската култура – достапни и на јапонски јазик

Редакција

(Видео) Николоски го покажа фамозното УСБ и тврди дека Груевски преговара со власта околу година ипол

Редакција