еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Лога и Села контра Таравари на изборите Алијанса за Албанците да настапи со албанската опозиција, Меџити го поддржува

Претседателот на Алијанса за Албанците (АА), Арбен Таравари соопшти дека на престојните избори сака партијата да се приклучи кон албанската опозиција и побара поддршка од членовите на партијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Таравари на изборите сака Алијанса за Албанците да се приклучи на албанската опозиција

Веднаш по објавувањето на неговиот став на Фејсбук, со свои ставови излегоа и некои од партиските функционери.

Со овој став не се согласува претседателот на Централното собрание и поранешен лидер на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, кој на Фејсбук напиша дека партијата има одлука на претстојните парламентарни избори да оди сама и статусот на Таравари го оцени како „шверцерски тенденции“.

„Поединецот, во овој случај претседателот на партијата, не е орган на одлучување, тој има право да предлага до органот кој има право да одлучува, а тоа е претседателството на партијата кое во моментот има една одлука, а тоа е дека Алијансата за Албанците ќе се натпреварува сама на изборите.

Друго тело за одлучување е партиското собрание. Шверцерските тенденции врз партијата за сметка на не знам кој преку Фејсбук-статус е сериозно кршење на Статутот на партијата за што претседателот на партијата мора да одговара пред партиските органи.

Од средбите што неодамна ги остварив со шефовите на ограноците и другите партиски структури, исто така, информиран сум дека никој од нив не знае за писмена понуда врз основа на што треба да се одлучи…

Обидите да се објасни ставот искажан преку социјалните мрежи од страна на претседателот на партијата како лична одлука е кукавички чин кој сериозно ги нарушува идеолошките линии на Алијансата за Албанците“, напиша Села.

Со одлуката на Таравари не се согласува и генералниот секретар на Алијанса на Албанците и министер за правда Кренар Лога.

„Ве информирам дека Алијанса за Албанците не разгледува никакви барања до своите партиски тела – Управниот совет, Централното претседателство и Централното собрание за изборите.

Во сила има одлука на Централното претседателство кое едногласно изгласа на избори да излеземе сами. Го повикувам Собранието да се придржува до едногласниот предлог на Претседателството, а тоа е АА да излезе сама на парламентарни избори,“ напиша Лога.

Министерот за здравство Фатмир Меџити, исто така кадар на АА, пак, го сподели статусот на Таравари без да даде каква било забелешка за ставот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами, Гаши, Меџити и Таравари за македонските избори кај косовскиот премиер Курти

Фото: Фејсбук/Алијанса за Албанците

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Фабриката за масло „Кристал 1923“ од Велес ќе го откупи вкупното производство на сончоглед во земјава

Редакција

Централна кооперативна банка со намалена добивка во првото полугодие

Редакција

(Видео) Македонско-австралиското 3-Block Studio направи анимиран филм за глобалниот карантин

Редакција