еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Маж преставувајќи се како вработен во АНБ на управител на фирма му изнудил пари, накит и автомобили

Маж, чиј идентиет не е соопштен, лажно преставувајќи се како вработен во Агенцијата за национална безбедност (АНБ) на управител на фирма му изнудил пари, накит и автомобили во вредност од 180.000 евра.

„Во период од 14.12.2023 до 05.04.2024 година, пријавениот лажно се претставувал како службено лице – вработен во Агенцијата за национална безбедност и со сериозни закани присилил едно оштетено лице да му даде пари, накит, автомобили и други добра во вкупен износ од околу 180.000 евра“, информираа од Јавното обвинителство, кое отворило истрага против осомничениот и го товари за кривичните дела изнуда и лажно претставување, според членовите 258 и 391 од Кривичниот закони.

Осомничениот на 54-годишниот управител на фирмата му вршел притисоци и се заканувал по неговиот и по животот на членовите на неговото семејство. На овој начин тој во повеќе наврати од жртвата зел парични средства, три автомобили, два мобилни телфони, златни престени и друг накит.

На предлог на јавниот обвинител, кој го води случајот, судија на претходна постапка на осомничениот му одредил притвор од 30 дена, поради опасност од бегство, можност да ја попречува кривичната постапка преку влијание врз сведоци, како и веројатност дека ќе ги повтори делата, велат од Обвинителството.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нема старт на преговорите со ЕУ: Блокадата од Бугарија за Македонија останува

Редакција

Од утре влажен бран и дождови со променлив интензитет

Редакција

Притвор од 30 дена за десет лица кои учествуваа во нападот на полициските службеници

Редакција