Македонија има нов херој!
Јован Костадинов од Виница кој има само 19 години воопшто не се двоумел да влезе во запалената т.н. дискотека во Кочани со црево за да спаси други.
Претходно ја натопил мајцата и ја ставил на лицето и успеал да спаси повеќе од 20 деца.
Детали за неговиото херојско дело откри Јадранка Бресилева, чиј син бил спасен токму од Костадинов.
“Во најтемните моменти на паника и хаос, кога сите беа збунети и во страв, Јован се појави како светлина на надеж.
Без да размислува, го зеде мојот син, кој беше под рушевините на дискотеката и го носеше на својот грб низ огнот и чадот, се до болницата во Кочани, со цел да го спаси, додека сите наоколу бегаа и се бореа за својот живот“, напиша таа на Фејсбук.
Тој е еден од повредените, а социјалните мрежи се преполни со молитви побрзо да оздрави.
Граѓани на социјалните мрежи бараат тој да биде одлукуван.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Андреј од ДНК загинал откако се вратил да спасува настрадани во пожарот во Кочани
(Видео) Момче од Кочани останало да спасува настрадани во пожарот и загинало
Илчо Гоцевски од Кочани, возачот на Брза Помош кој почина, 11 пати возел до Скопје кобниот ден
Фото: Костадинов/Фејсбук