еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со загуба во третиот квартал

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп АД Скопје во првите девет месеци од годинава остварила загуба во износ од 13 милиони денари, информираше Друштвото преку Македонската берза.

-Во истиот период 2023 година финансискиот резултат изнесува 66,8 милиони денари добивка.

Во текот на 2024 година во Централниот регистар е извршена регистрација на присоединување на АД за осигурување Винер – Виена Иншуренс Груп Скопје.

Присоединувањето со АД за осигурување Винер – Виена Иншуренс Груп Скопје беше реализирано по добивањето на потребните согласности.

Во согласност со погоре наведеното извештаите за трет квартал 2024 ги содржат податоците за присоединетото друштво, а компаративните податоци за претходна година се однесуваат за двете компании заедно.

Во тековната 2024 во однос на истиот период 2023 година има зголемување кај вкупните приходи и кај вкупните трошоци.

Вкупните нето приходи во 2024 година се зголемени за 9,1%, додека вкупните нето расходи бележат зголемување од 15,9%. Зголемувањето на приходите се должи на приходи од заработената премија кои изнесуваат околу 77,4% од вкупните приходи.

Бруто-полисираната премија во 2024 година бележи раст од 2,9 %, односно 52.4 милиони денари, велат од таму.

По присоединувањето на АД за осигурување Винер – Виена, класата на осигурување на моторни возила поточно автомобилска одговорност е доминантен во портфелот, посочуваат од таму.

-Кај имотните класи на осигурување се оствари пораст во износ од 46.1 милиони денари. Најголем пораст се оствари кај класата здравствено осигурување во износ од 67,2 милиони денари. Kај останатите класи портфелот е стабилен во текот на 2024 година.

Најголемо движење во вкупните трошоци бележат трошоците од настанати штети како и трошоците за спроведување на осигурување. Настанатите нето штети бележат зголемување од 45,1% или во апсолутен износ 178,8 милиони денари како резултат на зголемување на бруто исплатени штети и промените на бруто резервите за штети.

Најголем пораст има кај класите за осигурување од автомобилска одговорност, каско на моторни возила и општа одговорност.

Трошоците за спроведување на осигурување бележат зголемување од 10,8% или во апсолутен износ 44,9 милиони денари, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонија осигурување Виена Иншуренс Груп со зголемена добивка во првиот квартал

Македонија Осигурување Виена Иншуренс Груп лани со добивка и зголемени приходи

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во блок-трансакција продадени акции од „Оилко“ за 268.000 евра

Редакција

Твитер „полуде“ за избришаните снимки од Албанија: „Груевски како Каспер, камера не го фаќа“

Редакција

Како изгледа букварот на македонски јазик, што Ципрас го спомна во грчкиот Парламент

Редакција