Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп АД Скопје во првите три месеци од годинава остварила добивка од 7.9 милиони денари, информираше Друштвото преку Македонската берза.
-Во истиот период 2024 година финансискиот резултат изнесуваше 0,7 милиони денари.
Во тековната 2025 во однос на истиот период 2024 година има зголемување кај вкупните приходи и кај вкупните трошоци.
Вкупните приходи во 2025 година се зголемени за 5,6%, додека вкупните расходи бележат зголемување од 4,2%.
Зголемувањето на приходите се должи на приходи од заработената премија кои изнесуваат околу 12,6% од вкупните приходи.
Бруто-полисираната премија во првиот квартал од 2025 година бележи пад од 20,5 %, односно 154,1 милиони денари како резултат на полиси кои беа порано обновени полиси во 2024 година но, се уште не се обновени во 2025 и тоа најмногу кај имотните класи на осигурување во износ од околу 150 милиони денари.
Намалена премија исто така имаме и во автоодговорност од околу 26 милиони или 12% заради пренасочување на каналите на продажба.
Најголем пораст на премијата имаме кај осигурувањата од несреќен случај и тоа околу 75%, односно 29 милиони денари.
Најголемо движење во вкупните расходи бележат трошоците од бруто настанати штети или зголемување од 42,2% или во апсолутен износ 90,4 милиони денари.
Настанатите нето штети бележат намалување од 1,8% или во апсолутен износ 2,8 милиони денари како резултат на намалување на бруто резерви за штети како и бруто резерви за штети – дел за реосигурување.
Дополнително има зголемување кај трошоците вредносно усогласување на побарувањата по премија или во апсолутен износ од 34,7 милиони денари, велат од таму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Македонија осигурување – Виена Иншуренс Груп ќе дели дивиденда