Премиерот Христијан Мицкоски, кој е на Самитот на Европската политичка заедница, кој се одржува во Тирана, Албанија, на Фејсбук информираше за средба со премиерот на Обединетото Кралство, Кир Стармер, на која е постигната согласност за договор за стратешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
-На средбата постигнавме согласност за договор за стратешко партнерство на Македонија со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.
Ова преставува стратешки договор кој ја позиционира државата во редот на интересите и делувањето на една од највлијателните политички и економски сили во светот како што е Обединетото Кралство.
Овој договор претставува ново поглавје во односите меѓу двете држави и претставува клучна основа за подоцнежна економска и политичка соработка.
Самиот договор се преговараше повеќе месеци помеѓу тимови од двете држави, и вклучува членови за блиска соработка во повеќе клучни области, напиша тој..
Засега нема детали што точно предвидува овој договор, кој беше најавуван подолго време и кога ќе биде склучен.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Македонија ќе добие шест милијарди евра за инвестиции од Обединетото Кралство
Фото: Фејсбук/Мицкоски